Правила и Услови за користење

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ 

Политики за интернет нарачки и испорака на кошничките со свежо овошје и зеленчук “ПЕТ НА ДЕН” преку веб страницата www.ovosen.mk

Овој концепт на интернет нарачка не е класична онлајн продавница туку систем за нарачка преку взаемен договор за испорака на Кошничка со свежо овошје и зеленчук ПЕТ НА ДЕН

Со пополнување на формуларот за нарачка како и со селектирање на копчето  Се согласувам со Правилата и Условите за користење давате согласност дека ги прифаќате овие услови за интернет нарачка на кошнички со свежо овошје и зеленчук.

Носителите на проектот ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница. Регистрираните корисници ќе бидат известени преку е-пошта.

 

  1. НОСИТЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
  • Општинското здружение на глуви и наглуви ТИШИНА – Карпош, Скопје и Меѓународната фондација Борис Трајковски, со седиште на ул. Костурски Херои бр. 17-21, 1000 Скопје, се носители на проектот “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ
  • Составен дел на овој проект е и организирањето на пакување и дистрибуција на кошнички со свежо овошје и зеленчук под мотото ПЕТ НА ДЕН. Овошјето и зеленчукот се спакувани од глуви лица во специјално изработени картонски кошници наменети само за оваа намена

 

  • Детали за контакт

Сите потребни и дополнителни информации за овој концепт можете да ги добиете преку тимот на РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ преку следниве контакт информации:

  • Адреса: Костурски Херои 17-21, 1000 Скопје
  • Тел. +389 2 3296188
  • Факс.: +389 2 3296 186
  • E-mail: contact@ovosen.mk

 

1.2 Кредибилитет

Носителите на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ во процесот на набавка пакување и дистрибуција на кошничките ПЕТ НА ДЕН ги користат сите стандарди, сертификати и одобрувања за работа како и почитување на сите препораки за работа во вонредни услови како – Covid-19 или било кои други вонредни услови кои се на сила во тој момент.

 

  1. ЦЕЛ И ЗА КОГО СЕ НАМЕНЕТИ ОВИЕ КОШНИЧКИ “ПЕТ НА ДЕН

Овој проект има неколку цели кои се надополнуваат една со друга.

  • Првата цел е да се овозможи здрава храна до секого при што користејќи најмалку 5 разновидни овошки во текот на еден ден ќе допринесете многу за подобрување на своето здравје.
  • Втората цел е поголема социјална инклузија на глувата популација во Македонија како и поголеми можности за вработување во мешана средина на глуви и лица што слушаат
  • Третата цел е подигање на јавната свест во Македонија за способноста и вештините на глувите лица. Овие кошнички со свежо овошје и зеленчук се пакувани и дистрибуирани со многу љубов од глуви лица.

Кошничката “ПЕТ НА ДЕН” пред се е наменета за компании во кои вработените имаат малку можности за време на работното време како составен дел од нивната исхрана да користат свежо овошје.

Исто така во рамките на можностите препорачуваме во секоја компанија да се надополни понудата со свежо овошје и зеленчук во делот на вообичаената пракса во компаниите или на состаноците во самата компанија гостите да се послужуваат само со кафе.

  1. ПРИФАЌАЊЕ НА ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ

Корисниците можат да ги прифатат правилата и условите откако ќе ги прочитаат и ќе го притиснат копчето Се согласувам со Правилата и Условите за користење при пополнувањето на формуларот за нарачка на веб страницата https://ovosen.mk/registracija/

  1. ПРОЦЕС НА КУПУВАЊЕ НА КОШНИЧКА СО СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК “ПЕТ НА ДЕН”

4.1 ВОВЕД

Отакако ќе се запознаете со концептот како и со понудата на Кошничките со овошје и зеленчук  “ПЕТ НА ДЕН”,  секој корисник може да се регистрира за идни нарачки преку електронски формулар оставајќи ги податоците во означените полиња.

Кошничките “ПЕТ НА ДЕН” се достапни за купување преку постигнат писмен договор со компанијата, нарачател како и носителите на проектот но исто така и откако ќе биде активирана сметката со корисничкото име и лозинка кој нарачателот ги избрал при регистрацијата.

Понудата на производите во кошничката се менува на секои две недели во зависност од квалитетот на понудата на пазарот. Овошјето во самите кошнички може да не се совпаѓа со фотографијата на веб страницата заради технички ограничувања.

Корисниците најнапред треба да се регистрираат преку формата за регистрација оставајќи податоците кои се неопходни за понатамошна обработка на податоци исклучиво за оваа намена.

Во дополнителна е-пошта ќе ви биде доставен предлог договор кој треба да се потпише и да се достави до носителите на проектот.

Корисниците мора да се осигураат дека сите информации што ги даваат во формуларот за нарачка се точни, ажурирани и оригинални и во никој случај не се грешни или лажни. Во спротивно го задржуваме правото да не ја активираме сметката согласно регистрираните податоци.

Корисниците притоа се известени и прифаќаат дека овие информации делуваат како доказ за нивниот идентитет и ќе бидат обврзувачки за потврдата.

4.2 Процес на нарачување на Кошничка со свежо овошје и зеленчук “ПЕТ НА ДЕН

4.2 ПРОЦЕС НА КРЕИРАЊЕ НАРАЧКИ

4.2.1 Правење на нарачка

Откако корисниците ќе се регистрираат и нивната сметка ќе биде активна за нарачки на кошничката “ПЕТ НА ДЕН” се најавувате преку линкот за Постоечки корисници https://ovosen.mk/naracaj/

Со изборот на кошничка(и) имате можност да ја прегледате вашата нарачка и со завршување на бараните чекори додека да стигнете до последното копче Направете нарачка

4.2.2 Потврдување на нарачка

Откако ќе ја направат нарачката, корисниците добиваат е-пошта што ја потврдува нарачката и го покажува изборот на видот на кошничка како и датумот и ориентационото време за испорака.

Доколку корисниците не добијат е-пошта, тие треба да го контактираат тимот на “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ” преку каналите наведени во Член 1.1 Детали за контакт.

Информациите содржани во потврдата за нарачката треба да се чуваат безбедни.

Доколку тимот на РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ не е во можност да испорача било кој од нарачаните кошници, испорачувачот има должност да го контактира корисникот телефонски или преку е-пошта.

По извршената нарачка тимот на РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ ќе ви ја испорача вашата сакана нарачка директно до вашата канцеларија согласно вашиот избор за саканата кошничка.

4.3 ПЛАЌАЊЕ

4.3.1 Цени и ценовна политика

Продажните цени на видот на кошнички ПЕТ НА ДЕН се прикажани на веб страницата, во локална валута.

Од страна на носителите на проектот “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ” е прифатено, цените на кошничките ПЕТ НА ДЕН да не бидат променливи во времетраење на договорот и во било кое време во годината. Исто така тие го задржуваат правото да предложат промотивни продукти како дополнување на содржината на кошничката без да бидат променети наведените цени, во своја дискреција и според условите што смета дека се соодветни.

Цената на кошничката е единствена и нема дополнителни трошоци за испорака.

4.3.2 Начин на плаќање

Цената на кошниците, вклучувајќи ги и трошоците за испорака, е конечна кога ќе се изврши нарачката.

Плаќањето се врши исклучиво преку доставена фактура до нарачателот согласно договорената достава на фактурата и испратницата, по извршените електронски нарачки и потпишани испратници искажано во договорот.

4.4 ИСПОРАКА

4.4.1 Време на испорака

Тимот на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ, нарачката ја доставуваат со сопствени возила, во рамките на изберените термин за испорака утврдени во процесот на електронската нарачка.

4.4.2 Рекламација

Рекламацијата за производите се однесува исклучиво доколку нарачателот не е задоволен од квалитетот на производите во кошничката или од однесувањето на тимот на “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ”.

Рекламација е дозволена само на денот на испорака. Нарачателот има право да ја врати кошничката и да побара нова при што цената нема да биде променета. Доколку нарачателот само ја врати кошничката таа нема да биде вкалкулирана во крајната фактура.

Рекламации за промена на видот или количината на овошје не се прифаќаат од причина што изборот на овошје и зеленчук се прави секои две недели од страна на стручни лица задолжени да ја задоволат понудата на пазарот со политиката на цените за овие услови.

Доколку дојде до промена на правилата и условите корисникот има право да не се сложи и тоа треба да го извести во писмена форма.

Во случај на рекламација, корисникот е должен да укаже на оправдана рекламација преку контакт информациите наведени во Член 1.1 Детали за контакт.

  1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ

5.1 Носителите на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби.

Како лични податоци се сметаат: име, презиме, ЕДБ, адреса, е-пошта, телефонски број и сл. Корисникот гарантира за точноста на внесените податоци.

Носителите на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ не преземаат никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

5.2 Носителите на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници. Ги регистрираме само основните податоци потребни за непречена работа и истите ги користиме за информирање на корисниците за начинот на нивното користење.

Постојано им даваме на корисниците можност за избор при употребата на нивните податоци, вклучувајќи ја и одлуката дали тие сакаат или не нивното име да се избрише од листата која се користи за маркетинг кампањите.

Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни се само на оние лица кои ги изршуваат непосредните активности вклучени со корисниците.

Сите лица вклучени во проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ и фирмите партнери се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

  1. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Носителите на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ го имаат единстевното  право за користење на содржината на интернет страницата  www.ovosen.mk

За секое комерцијално користење на содржината од веб страницата www.ovosen.mk мора претходно да добиете писмено одобрение откако ќе бидеме контактирани преку каналите наведени во Член 1.1 Детали за контакт.

  1. 7. ОБВРСКИ НА НАРАЧАТЕЛОТ

Нарачателот мора да ги почитува следниве обврски.

  • Секогаш да доставуваат точни податоци и при испораката на кошничките да го почитуваат со респект тимот на РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ имајќи во предвид дека тие пред сé, се глуви лица и имаат потреба од квалитетна комуникација како би можеле соодветно и точно да го разберат барањето на нарачателот.
  • Да ги почитуваат сите правила и прописи кои што важат да не го нарушуваат јавниот ред или да ги нарушат правата на која било трета страна.
  1. 8. ГАРАНЦИЈА

Имајќи ја во предвид специфичноста на работењето со овошје и зеленчук гаранција за квалитетот е од страна на носителите на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ, но рекламацијата е прифатлива само на денот на испорака.

Со рекламацијата  на денот на испорака за квалитетот нарачателот има право да ја врати кошничката и да побара нова при што цената нема да биде променета. Доколку нарачателот само ја врати кошничката таа нема да биде вкалкулирана во крајната фактура.

  1. 9. ЗАБРАНЕТО ОДНЕСУВАЊЕ

Строго е забрането да се користат картонските кошнички и веб-страница www.ovosen.mk за следниве цели:

  • Спроведување активности кои што се противзаконски, измамнички или ги кршат правата или безбедноста на другите
  • Прекршување на јавниот ред и мир или било каква локална политика или закони
  • Хакирање во компјутерскиот систем на трета страна или која било активност чија цел е да се наштети, контролира, да се меша или да се пресретне целиот или дел од компјутерскиот систем на трето лице, нарушувајќи го неговиот интегритет или неговата безбедност
  • Усогласување со цел да се подобри упатувањето на друга страница
  • Помагање или поттикнување, на кој било начин или форма за извршување на една или повеќе активности или активностите опишани погоре

На корисниците им е строго забрането да ги копираат и/или да ги користат за свои цели или за трети лица, концептот, технологијата или која било друга компонента на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ како и производите на ПЕТ НА ДЕН

Следното исто така е строго забрането:

  • Какво било однесување што би го прекинал, суспендирал, забавил или спречил континутетот на реализација на проектот “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ “ или нивната веб страница
  • Какво било неовластено превземање на системските ресурси на веб страницата
  • Сите акти што можат да ги нарушат правата, финансиските, комерцијалните и моралните интереси на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ или на корисниците на производите

 

  1. 10. ПРЕПОРАКИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ

На корисниците кои се субјекти на реализација на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ им се дава можност да се сложат да ја цитираат и користат соодветно репродукцијата на трговската марка или логото како референца на клиентот, особено на настани, во деловните документи и на нивните веб страници, во која било форма.

За таа цел корисниците за да можат да ги користат трговската марка и логото треба да добијат писмена согласност од тимот на РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ

  1. 11. АМАНДМАНИ

Носителите на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница. Регистрираните корисници ќе бидат известени преку е-пошта.

Секој корисник кој не се согласува со изменетите услови и правила, мора писмено да ги информира носителите на проектот РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ преку контакт информациите наведени во Член 1.1 Детали за контакт.

Корисниците кои продолжуваат да ги користат правилата и условите како и нивната веб страница откако изменетите услови ќе влезат во сила, се сметаат дека ги прифатиле овие измени.

 

ПЕТ НА ДЕН

 

КОШНИЧКА ПОЛНА СО ЉУБОВ И ЗДРАВЈЕ !!!