Пет на ден

ПЕТ НА ДЕН


Што е “Пет на ден” ? Овој концепт е наша и ваша цел. Во секојдневниот живот применлив за секого. Принципот на овој концепт се заснова на секојдневна консумација на најмалку 5 различни овошки секој ден.

За да ја постигнете оваа цел, тимот на проекот “РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ” со многу љубов и радост ги припремат кошничките со повеќе видови овошје и зеленчук кои ќе ви бидат доставени директно до вашата канцеларија. Овошјето и зеленчукот внимателно се одбрани и рачно сортирани на денот на доставувањето.

Зошто би се одлучиле да започнете да го применувате концептот “ПЕТ НА ДЕН” и зошто овошјето и зеленчукот се толку корисни?

Пред се, заради составот на состојките што ги содржат:

  • витамини
  • минерали
  • фитохемиски состојќи (флавоноиди)
  • глукозинилати
  • фитоестрогени

Некои од витамините и хемикалиите се антиоксиданси уништувајќи ги слободните радикали во организмот, кои се познати како причинители за создавање рак и други штетни ефекти.

Користењето пет порции на ден овошје и зеленчук нека ви стане дневна рутина и резултатите ќе ги видите многу брзо

Петте здрави, вкусни и сочни порции овошје и зеленчук консумирани во текот на денот ќе ви помогнат да имате:

Намален ризик од срцеви заболувања!

Намален ризик од создавање на карцином!

Намален ризик за создавање други заболувања како, дијабетес, астма зголемна тежина!

Одложување на создавање на катаракта!

Сè што треба да направите е да ја изберете вашата кошничка и да ги оставите ваши податоци, и ние ќе организираме вашата сакана кошничка со свежо овошје и зеленчук  директно да ви биде доставена до вашата канцеларија.  Оваа кошничка е направена со многу љубови и насмевка.

small-icons-th-06-p-500

Достава во цело Скопје

small-icons-th-01-p-500

Директно доставено до вашата компанија

small-icons-th-08

Квалитетно рачно сортирано овошје