За нас

НАШАТА ПРИКАЗНА


Лицата со оштетен слух генерално имаат помалку можности за нивно социјално вклучување во секојдневниот живот на едно општество пред се заради неможноста добро да искомуницираат за своите потреби. Затоа тие имаат нееднаков пристап до образование, до слободни работни места, квалитетни правни услуги, спортските активности итн.

Членовите на Општинското здружението за глуви и наглуви “ТИШИНА”-Карпош од Скопје како резултат на долгогодишната соработка на полето на социјалната инклузија на лицата со попречен слух бараа можности како да се справат со овој голем предизвик.

Со започнувањето на проектот “Раце што зборуваат” глувите лица го разбраа овој концепт и започнаа со негова примена со цел да ја постигант мисијата и придобивките од еден ваков проект. Тие исто така се запознаа со други вакви проекти во светот при што решија да го применат во Македонија и да ја покажат својата лојалност кон македонското општество. Тие длабоко веруваат дека консумирањето на овошјето и зеленчукот може многу да допринесе во здравјето на секој човек.

Приклучете се и вие во оваа борба за поголема социјална инклузија на глувата популација во Македонија!

Колку често забораваме на оваа вкусна опција, свежото овошје и зеленчук да се консумира во било кое време од денот!

 

Направете 5 мин пауза во вашиот динамичен дневен распоред и уживате во свежиот вкус на овошјето и зеленчукот кое дополнително ќе ви даде енергија за полесно да ги извршувате дневните обврски!

 

Не заборавајте колку добар пријател е овошјето!!!

Тимот на “Раце што зборуваат” нуди можност полесно да ви биде достапна оваа вкусна и здрава придобивка преку концептот “Пет на ден”

“Пет на ден” е проект кој не само што ќе ја подигне свеста за избор на здрава храна туку е и социјално претприемачки проект. Целокупниот концепт е создаден и помогнат од лицата со оштетен слух, кои ќе се погрижат за овошјето во овие кошнички да биде внимателно одбрано, спакувано и секогаш доставено свежо до вашата канцеларија. На овој начин свеста во општеството за социјалната инклузија на лицата со оштетен слух на кои ретко помислуваме ќе се подигне многу, бидејќи тие се тука и помислуваат секогаш на вас.

small-icons-th-06-p-500

Достава во цело Скопје

small-icons-th-06-p-500

Директно доставено до вашата компанија

small-icons-th-06-p-500

Квалитетно рачно сортирано овошје